
Математичко информатичката гимназија (МИГ) во Скопје стана уште еден жежок костен во рацете на Министерството за образование и наука. Нема професори, наставата не се одвива онака како што е предвидено.

Фото: МИГ
Со почетокот на второто полугодие не им се продолжени договорите за работа на наставниците по стручните предмети и се оставени учениците само со настава по општите предмети т.е.учениците во трета година моментално одржуваат настава само по четири предмети (македонски и англиски јазик,физика и спорт) што се еден до два часа на ден. За останатите 8 стручни предмети немаат наставници и со тоа се изгубени над 20 часови на неделно ниво). На реакциите на родителите на учениците, од МОН изјавуваат дека бараат решение со министерството со финансии. Очекуваме во најбрзо време предизвикот да биде надминат, се вели во соопштениетоод миниџтерството.
Реагира и Сојузот на средношколци , кој апелира што побрзо да се реши проблемот. Апсурдно е учениците од оваа гимназија да имаат по само еден до два часа дневно. Непречениот образовен процес е уставно и законско право на секој ученик и државата истото мора да го почитува и запазува. Недозволиво е поради неможноста МОН и Министерството за финансии да најдат заедничко решение учениците да немаат настава за 8 стручни предмети во МИГ.
„Со жалење ја констатираме состојбата во гимназијата која беше замислена како елитна образовна институција за учениците талентирани по Математиката и Информатика. Силно веруваме во тоа дека развојот на сите науки е екстремно важен. Ова особено земајќи ја предвид круцијалната улога на средното образование во процесот. Ја потсетуваме јавноста дека Сојузот на средношколци се залага за отворање на две нови селективни гимназии. Јазична гимназија по примерот на Филолошките гимназии во Белград и Сараево и Хуманистичко-општествена гимназија по примерот на францускиот образовен систем“ – велат од Сојузот на средношколци.