ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
12.10.2022
Со танц во борба против насилство врз жените
Автор: Goce Author

Преку танц и уметнички активизам, Интерарт културниот центар од Скопје ќе ја подига свеста за родовата еднаквост и ќе се бори против насилството врз жените.

Интерарт културниот центар во соработка и со поддршка на Швајцарската амбасада во Скопје, го започна проектот „Простор за разговор“ или „Dancing (Talking) Table“. Со него, преку уметнички активизам сака да ја подигне свеста за родовата еднаквост и ненасилство врз жените. Проектот се базира на вистински животни приказни, чии сценски рефлексии ќе бидат отсликани преку современ танцов перформанс. Директорот на Интерарт културен центар, Матеа Мијановиќ смета дека е „важно да се постават прашања во однос на темата и јавно да се разговара за истата“.

Со танц и уметничкиот активизам ќе го свртат вниманието на јавноста на овој горлив проблем

„Преку овој проект сакам да го свртиме вниманието на јавноста кон овој горлив проблем, да создадеме едно похумано и по грижливо општество, во кое секој ќе го најде своето место и ќе може да живее без стеги и страв. Сакам преку уметнички активизам да допринесам во ослободување и поголемо социјализирање на општеството. Многу сум благодарна до сите учесници во проектот, до Швајцарската амбасада која го препозна и го поддржа проектот, како и до сите наши партнери во Скопје и низ градовите во земјава, каде ќе се одржуваат настаните на проектот“ – вели Рисима Рисимкин, која е една од водечките македонски кореографи и деканка на Филмската академија и Катедрата за современ танц при универзитет „Гоце Делчев“.

Дороти Пачкова: Ако ти се гади во стомакот кога сведочиш на неправда, тогаш си феминист/ка и можеш да бидеш дел од One Can!

Проектот својот прв Простор за разговор ќе го има на 26 ноември во објектот на Националната галерија „Мала станица“. Тое всушност светскиот ден на ненасилство врз жените. Со тоа почнува серијата настани на „ Dancing (Talking) Table “ во кој ќе биде изведен перформанс на темата, а потоа ќе има тркалезна маса, на која ќе се дискутира за проблемите. Ќе бидат поканети, социолози, активисти други личности, кои ќе говорат за тоа каде сме и што треба понатаму да направиме во однос на социјалната положба и родовата еднаквост, воедно ќе се споделуваат искуствата. Проектот во тек на пролетта 2023 година, ќе патува низ десетина градови во земјава со цел да се поттикнат активностите и свесноста на што поголема територија.

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?