ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
13.10.2022
Стипендии за професионална пракса во Германија
Автор: Goce Author

Internship Programme of German Business нуди можност за професионална пракса во компании во Германија. Станува збор за стипендии кои оваа организација ги нуди на студенти кои можат да аплицираат за нив. Во изминатите 19 години, тие подржале повеќе од 940 студенти и дипломци. Сите од нив поминале од три до шест месеци во една од водечките германски компании, каде добиле можност да го продлабочат знаењето стекнато за време на студиите, практично да го применат и да дознаат кој е вистинскиот кариерен пат за нив.

Наредната генерација стипендисти ќе ги започнат своите пракси во Германија на 1ви Јули 2023 година.

Кој може да аплицира?

  • Додипломци запишани во најмалку 5ти семестар за време на аплицирањето
  • Студенти на магистерски студии
  • Студенти на докторски студии
  • Дипломци дипломирани по 1ви јануари 2022 год
  • Не постари од 28 години
  • Праксите се нудат во областа на економија, бизнис администрација, инженерство, компјутерски науки, корпоративно право, новинарство, агрикултура, биологија и хемија
  • Кандидати кои имаат добро познавање на англиски и/или германски јазик

Како се аплицира?

Можете да аплицирате на онлајн апликација во периодот од 1ви Октомври 2021 година, до 16ти ноември 2021 година на веб страната:

www.stipendienprogramm.org

Повеќе информации за програмата и процесот на апликација можете на најдете на следниот линк.

Отворена можност за магистерски во Германија: Објавен повикот за стипендиската програма „You and Europe“
Отворен повик за млади истражувачи: Награда од 1.000 евра за најдобар есеј