
Во периодот од 2 август до 1 ноември 2022 година, Чивнинг секретаријатот прифаќа апликации за стипендии за учебната 2023/2024 година. Пријавувањето е на www.chevening.org/apply.
Чивнинг стипендиите им се доделуваат на лица кои ќе покажат посветеност и вештини потребни за создавање позитивни промени и притоа ќе покажат како магистратурата во Обединетото Кралство им помогнала во тоа. Стипендијата овозможува целосна финансиска поддршка за идните лидери да се образуваат на едно годишни магистерски студии на било кој универзитет во Обединетото Кралство и притоа овозможува да се стекнете со ексклузивни академски, професионални и културолошки искуства.
Штипјанецот Спаско Алексов примен на 8 престижни универзитети

Откако програмата беше креирана во 1983 година, преку 50,000 професионалци ја добија можноста да се развиваат во Обединетото Кралство преку Чивнинг. За учебната година 2023/2024 на глобално ниво ќе се доделат над 1500 Чивнинг стипендии, покажувајќи ја посветеноста на Владата на Обединетото Кралство во креирање на идни лидери.