ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
04.07.2023
Стручното образование доминира на уписите во средно
Автор: Goce Author

Стручното образование доминира на завршените уписи во средно образование – две третини од завршените основци го направиле токму тој избор.

Фото: МОН

Првото пријавување на учениците се реализираше преку електронско аплицирање на 20 и 21 јуни 2023 година, а второто пријавување на 27 и 29 јуни 2023 година. Прелиминарните ранг листи се објавија на 22 јуни, односно на 29 јуни 2023 година. Доставувањето на потребната документација до училиштата беше на 22 и 23 јуни 2023 година и на 29 и 30 јуни 2023 година. Конечните ранг листи се објавија на 24 јуни и на 01 јули 2023 година.

Во двете пријавување вкупно се запишаа  15481 ученици од кои:

11325  ученици за настава на македонски наставен јазик;

 3852 ученици за настава на албански наставен јазик;

298 ученици за настава на турски наставен јазик и

6 ученици за настава на српски наставен јазик.

Расте интересот за стручното средно образование

Според видот на образованието, во двете пријавувања запишани се вкупно:

4603 ученици во гимназиско образование

10277 ученици во стручно образование

187 ученици во уметничко образование

414 ученици во спортска гимназија

Резултатите покажуваат дека се зголемува интересот за стручното образование. Веќе има училишта вомкои нема слободни места за стручното образование.

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
(Видео) Гоце.мк ве носи зад сцената на Макфест 2026