
Додека Западен Балкан си го поставува прашањето дали воопшто некогаш ќе влезе во Европската Унија, студентите преку различните програми за размена лесно патуваат и студираат во земјите на Европската Унија. Речиси никаква разлика не прави тоа што студентите се од Западен Балкан, ако аплицираат преку програмата на „Еразмус +“ на пример.
Преку оваа програма студентите кои студираат на Универзитетите во Македонија, на пример, имаат можност да заминат и студираат во било која земја од Европската Унија и тие кредити стекнати таму да ги трансферираат на домашните универзитети.
Студентите од сите универзитети имаат можност да аплицираат и да реализираат престој во Европската Унија во период од 6 до 12 месеци. Има неколку услови кои треба да се исполнуваат:
На веб страниците на самите универзитети низ државата можат да се најдат соодветните програми и конкурси за апликација.