ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
06.10.2023
Студентите по медицина со организирање на работилница ја започнуваат академската година
Автор: Goce Author

Студентите на Факултетот за медицински науки при Универзитет „Гоце Делчев“-Штип, почетокот на академската година ќе го одбележат преку организирање на Кардиолошка работилница. Во понеделник (09.10.2023 г.) во Мултимедијалниот центар на УГД ќе се одржи Кардиолошката работилница чии предавачи ќе бидат специјалистите кардиолози доц. д-р Александар Серафимов и асс. д-р Благоја Василев.

Автор: Даница Среткоска

Д-р Серафимов ќе зборува на тема „ЕКГ стеми и стеми еквиваленти“, додека д-р Василев за „Протокол за дијагноза и лекување на миокарден инфаркт“

Настанот е организиран од страна на Факултетското студентско собрание при ФМН УГД и поддржан од студентската организација СОМА.

“Огромно изненадување беше за нас интересот кој го покажаа студентите за овој настан при што бевме приморани да резервираме поголема сала со повеќе капацитет. За настанот веќе има пријавено околу 300 заинтересирани студенти кои очекуваме да дојдат. Интересот мислам дека потекнува од тоа што ова нема да биде класично предавање на кои сме навикнати, туку една интерактивна работилница со прикази на случаи со какви ќе се сретнеме еден ден во реалноста како идни лекари. Нѐ радува што студентите го препознаваат тоа што го правиме за нив бидејќи нашата организација се темели токму на тоа, од студенти-за студенти, чисто еден мал придонес кој го правиме ние студентите од љубов кон медицината.”, велат организаторите.

Сите заинтересирани студенти може да се пријават на линкот и да побрзаат бидејќи местата се ограничени.

 

Науката открива: Дружењето навистина го продолжува животот
Студенти и млади археолози од 4 држави истражуваа на локалитетот во близина на Св. Николе