ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
24.08.2022
Студентите вклучени во евалуацијата на високото образование
Автор: Goce Author

Студентите од Македонските универзитети ќе можат да се вклучат во подобрувањето на високото образованиње, преку евалуацијата на високообразовните установи и институции. Во евалуацијата, објавува МОН, ќе можат да учествуваат и заинтересираните студенти.

Министерството за образование и наука (МОН) соопшти дека со Агенцијата за квалитет во високото образование ги вклучуваат студентите во процесот на евалуација на високообразовните институции и студиски програми во Република Северна Македонија.

За таа цел, објавен е конкурс за пријавување на заинтересираните студенти за учество во оваа постапка.

Условите кои треба да ги исполнува секој апликант вклучуваат – студентот да е државјанин на Република Северна Македонија, да има статус на редовен студент на прв, втор или трет циклус на студии во земјава, да има претходно искуство во евалуација на високообразовни институции во земјата или странство и да има познавање на англискиот јазик.

Како што соопштија од МОН, пријавувањето се врши со пополнување на образец кој е достапен на веб страната на Агенцијата за квалитет во високото образование на следниот линк. Потоа, истиот образец, потпишан и скениран треба да се достави на електронските адреси cvete.stefanovska@tfb.uklo.edu.mk и vlado.gicev@ugd.edu.mk.

Крајниот рок за пријавување е 18 септември.

Матурата е за славење – МВР со апел да прославите без автомобил, алкохол и дрога
Новото знаме на Република Северна