ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
01.11.2022
Студентската организација СОМА објавува повик за нови членови

Организацијата СОМА (Student Organized Medical Association) постои уште од 2019 година а била иницијатива на амбициозните студенти по Медицина при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. СОМА се истакна како доста популарна организација меѓу студентите која брои околу 100 члена.

„ Во студентските организации сум дел уште од почетоците на моите студии и топло ги препорачувам студентските активности надвор од факултетските клупи. Следењето и работењето во СОМА ме поттикна да се пријавам да бидам дел од раководниот одбор. Убавината во СОМА е тоа што секој има право и можност да напредува исто како што напредував и јас. Се надевам дека моето искуство, заедно со искуствата на останатите членови на раководниот одбор ќе бидат идеални за организација и насока на правилна интеграција и реализација на оваа млада организација со големи и бројни успеси зад себе.“, истакна Претседателот, Стефан Мишовски.

За сите оние кои сакаат да бидат дел од семејството на СОМА, во тек е пријавувањето на нови членови, кое трае 10 дена почнувајќи од 31.10.2002г.

„На СОМА припаѓаат четири клуба: Клуб за акутни болести, Клуб за хронични болести, Клуб за инфективни болести и Клуб за ретки болести. Заинтересираноста на студентите за членување во СОМА сѐ повеќе расте и тоа допринесува како кон квалитетот на студирањето, така и кон квалитетот на идниот медицински персонал.“, вели Леона Стојановска, Главен Супервизор.

Без Притисок: Д-р Џенгис Јашар

СОМА има едукативен и забавен карактер

„Членовите на  СОМА доброволно се приклучуваат во самата организација, со цел да придонесат за  развој на медицинските гранки. Се стекнуваат со право и одговорност да учествуваат во реализирање на предвидените активности и дејности. Бенефитот кој го добиваат се разбира е од едукативен и социјален карактер. Дружбата е неминлива, а можноста за проширување на познанства и креирање на голем круг на контакти е дел од самата организација.“, вели Марија Минова, Генерален секретар.

Од СОМА, сакаат да им олеснат на студентите при нивните студии преку активности од друштвен и забавен карактер. Тие обработуваат теми кои се неопходни за работата на идните лекари и кои ќе им бидат од практично значење на студентите. Покрај надоградувањето на членовите, СОМА организира и активности кои се од едукативен карактер за граѓаните и им помага во поткревање на свеста за одредени проблематики.

Еден од настаните организирани од СОМА

„Како идни здраствени работници кои ќе зачекорат во една хумана професија, од огромно  значење е да ја носиме душата на еден вистински волонтер. Со волонтирањето се стекнуваат вештините на несебично помагање, промовирање на морал и етичкото добро. Што се однесува на придобивки во делот од учењето секако би ги споменал големиот број на работилници кои се спроведоа во минатите години, обуки, како и  конгресите кои ни отвараат широк видик за нашата иднина и нашето понатамошно градење како млади успешни медицински лица.“, вели Александар Стојменовски, Благајник.

Сè почесто пациентите не ги почитуваат лекарите – „сајбер пациенти“ кои велат дека „докторите ништо не знаат“  

СОМА ветува организирање на  бројни работилници        

Некои од активностите на СОМА вклучуваа организирање на студентска крводарителска акција, обука за венепункција, ЕКГ работилница, мерење на шеќер и крвен притисок на жителите на Штип и многу други. Студентите имаа можност да го покажат и својот хуманитарен дух преку делење новогодишни пакетчиња на деца со посебни потреби.

„Можам да потврдам дека се подготвуваме со уште, поинтересни и многу корисни работилници со цел да се подготвиме за понатамошните предизвици кои ни ги дава оваа благодатна професија.“, вели Александар Илијев, Потпретседател за надворешни работи.

Студент од Штип 6 месеци асистираше на Американски стоматолог

Организацијата исто така има во план да помогне и во надокнадување на испуштените вештини при online студирањето.

„Сплотени заедно, со професорите, но и во соработка со други лекари, активно ќе организираме практични работилници, симпозиуми, конгреси…Сето тоа со цел да го надополниме она коешто е испуштено, но и да го збогатиме и прошириме нашето знаење.“, вели Сашка Јованчевска, Потпретседател за внатрешни работи.

Науката открива: Дружењето навистина го продолжува животот
Македонските научници на едно место: Порталот „е-наука“ може да ти донесе меѓународна соработка, бизнис-партнери и финансирање