ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
30.07.2022
Субвенциониран студентски оброк – финансиска мерка која не се користеше само за купување здрави оброци
Автор: Goce Author

Месецов заврши последната исплата за субвенционираниот студентски оброк – финансиска мерка со која од изминатава академска година државата го збогати студентскиот буџет и која, како што најавија властите, има за цел да го унапреди студентскиот стандард и да им помогне на студентите во покривањето на трошоците за исхрана.

Со оваа мерка, студентите добиваа финансиска поддршка во износ од 120 денари за секој работен ден, односно околу 2.400 денари месечно, во текот на девет месеци во годината – средства наменети за купување на здрави оброци, пишува Мета.

Но, како што подоцна покажа ситуацијата, пандемијата ги „помати“ плановите околу користењето на овие средства, па поради зголемувањето на цените на производите и укинувањето на ограничувањата околу тоа каде сè може да се плаќа, студентите, наместо за исхрана, парите ги користеа и за други намени. На крајот од денот, средствата од субвенционираниот студентски оброк беа и повеќе од добредојдени во скромниот студентски буџет во време на криза.

Иако Министерството за образование и наука (МОН) предвиде 40.000 студенти – корисници на оваа мерка, во академската 2021/22 година, субвенциониран студентски оброк им бил одобрен на 27.000 студенти. Право на користење на оваа мерка имаа сите редовни студенти на додипломски студии, запишани на државните и приватните високообразовни установи во земјава.

Субвенционираниот студентски оброк изминатава година го одбележаа неколку моменти. Иако првично усвоеното законско решение предвидуваше средствата да се користат исклучиво во угостителски објекти, со направената измена се овозможи студентите да плаќаат кај било кој трговец, со препорака средставата да бидат наменети за набавка на храна. Ваквата одлука, како што појаснија тогаш од МОН, била донесена поради ситуацијата со пандемијата, бидејќи беше неизвесно дали и на кој начин ќе работат угостителските објекти поради рестриктивните мерки, па на студентите им беше овозможено „оброците“ да ги обезбедуваат и од какви било продавници или маркети.

Студентите го искористија укинувањето на ограничувањата околу користењето на средствата од државата, па признаваа дека со парите наменети за здрави оброци, плаќале сметки, купувале облека или пак други производи.

Целосниот текст на Мета.мк

ОБЈАВЕНИ ПРЕЛИМИНАРНИТЕ РЕЗУЛТАТИ: Проверете дали сте примени на УГД во Штип
Oбјавени резултатите за прием во ученичките домови