ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
31.01.2022
Светот со вакцинален туризам се прилагодува на пандемијата

Властите на Сан Марино одлучија да го обноват т.н. вакцинален туризам нудејќи им на странците трета доза од руската Спутник Лајт вакцина против коронавирус, изјави вчера Франко Кавали од локалниот Институт за социјално осигурување.

„Владата на Сан Марино донесе одлука да го обнови туризмот со вакцини. Значи, странците ќе можат да добијат зголемена доза на Спутник Лајт. Ќе обезбедиме информации за тоа како може да се направи тоа во наредните денови“, изјави Кавали за ТАС С. .

Според него, и покрај тоа што Спутник сè уште нема лиценца за употреба во Европската унија, дури 832 граѓани на Сан Марино, кој има нешто повеќе од 30.000 жители, решиле да добијат Спутник Лајт како трета доза од вакцина.

„Одреден е уште еден датум за ревакцинација, 4 февруари, а примивме неколку стотици барања“, рече Кавали.

Кога заврши националната кампања за вакцинација во Сан Марино, земјата почна да прифаќа и плаќа странски туристи кои беа подготвени да се вакцинираат со руската вакцина.

Со Спутник Лајт беа вакцинирани вкупно околу 2.000 луѓе од различни земји.

Туризмот се прилагодува на пандемијата

Светскиот туризам претрпе големи загуби поради пандемијата на Ковид 19, и не е мал бројот на држави кои се обидуваат да изнајдат начини и од ваква ситуација да извлечат бенефит и да обезбедат безбедни услови за туристите кои сакаат да ги посетат. Веќе сериозно се размислува и за измена на третманот на пандемијата од аспект на патување, каде строгите протоколи го отежнуваа влегувањето во голем број на држави.

ЕУ најави дека ќе разгледува модел во кој при патувањето нема да биде приоритетна државата од која доаѓа патникот (мапите со ризични држави, црвени зони и слично), туку само вакциналниот статус на туристот.

Во Венеција ќе биде ограничен бројот на туристи

Сето тоа покажува дека и туризмот, како дел од економијата, тешко може да преживее нови затворања и заострувања на протоколите и мерките.

Поради тоа се повеќе изборот е да се оди кон поинаков третман на пандемијата и функционирање заедно со вирусот, со т.н. вакцинален туризам. Севио ова се случува во време кога многумина најавуваа крај на пандемијата во оваа година, но прашање е дали тоа навистина ќе се случи.

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
(Видео) Гоце.мк ве носи зад сцената на Макфест 2026