ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
10.07.2022
Таблета против мамурлак веќе достапна на пазарот?
Автор: Goce Author

Ако некогаш сте сакале да постои таблета против мамурлак за да ја спречите главоболката после пијаната вечер, тогаш тоа веќе не е само желба. Ваквите таблети се достапни на пазарот во Велика Британија.

Photo by Sharon McCutcheon on Unsplash

Таблетите под името Myrkl помаагат во разградувањето на алкохолот пред да стигне во црниот дроб. Истражувањето спроведено од производителот на таблетите заедно со шведската фармацевтска фирма De Faire Medical и Институтот за наука и здравје Pfützner покажало дека земањето на таблетите ја намалува концентрацијата на алкохол во крвта за половина во рок од 30 минути по пиењето. 

Целта на овие таблети еда се разбудите со најдоброто чувство следниот ден.   Сепак секогаш треба да се конзумира алкохол во умерена граница.

Водич за продуктивен ден после уморна ноќ

За развивање на овие таблети биле потребни истражувања и работењете над 30 години. Првата таблета била измислена во 1990 година од шведскиот научник Јохан де Фер.

Производителот тврди дека Myrkl е „првиот производ во историјата кој ефикасно го разградува алкохолот“.

Photo by Jonah Brown on Unsplash

Сепак не сите експерти се согласуваат со тоа.

„Нема научни докази дека овој производ е ефикасен против мамурлакот“, изјавил Јорис Верстер, главен истражувач на Одделот за фармакологија на Универзитетот во Утрехт и основач на Истражувачката група за мамурлак за алкохол.

Д-р Доун Харпер, најпозната по ТВ-шоуто Embarrassing Bodies, изјавилa дека таблетата ќе им помогне на умерените алкохоличари повеќе од оние кои намерно се обидуваат да се опијат.

Генералниот лекар на NHS изјавила дека ова не е производ за луѓе кои сакаат да се опијат. Земањето Myrkl пред консумирање алкохол ќе го направи опивањето многу поскапо и подолго.

Науката открива: Дружењето навистина го продолжува животот
Македонските научници на едно место: Порталот „е-наука“ може да ти донесе меѓународна соработка, бизнис-партнери и финансирање