ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
25.04.2022
Татјана од Украина е една од многуте млади кои останаа без се’

Нашата денешна соговорничка Татјана Јурко од Киев, Украина празниците ги помина многу подалеку од својот дом и од своите најблиски – во Австралија.

Татјана Јурко, Бризбејн, Австралија

Велат дека за празниците е убаво да си дома со најблиските или да се прошета некаде и да се запознаат нови места, нови знаменитости, да се збогати личноста со нови искуства и нови знаења.

Безгрижноста на секојдневниот живот и можноста да се избира е вистински благослов, а социјалните мрежи изобилуваат деновиве со прошетките на сонце и насмевките на луѓето кои конечно после ковидот можат слободно да се движат, имајќи во предвид дека изминатите две години велигденските празници ги пречекавме во карантин и со полициски часови.

И додека ја гледаме таа безгрижност, да не заборавиме дека во срцето на Европа се случува војна помеѓу Украина и Русија. Луѓе умираат, студентите не одат на факултет, учениците не одат на училиште. Не поради штрајк или ковид туку затоа што гранати паѓаат наоколу.

Татјана Јурко војната ја однесе на другиот крај на светот, празниците не можеше да го дочека дома

Убавината на празниците некои луѓе не можеа да ја дочекаат во сопствениот дом бидејќи е разрушен, окупиран, небезбеден.

Татјана е магистриран Маркетинг менаџер. Завршила на Киевски Универзитет со високи достигнувања. Уште додека студира гради меѓународна кариера и работи за повеќе меѓународни компании. Во моментот е тим лидер за социјалните медиуми на iSQI, меѓународна компанија која врши сертификација на софтвер тестери од целиот свет по највисоки квалитативни стандарди. И покрај некои од најавите на политичарите дека можно е да се случи војна Татјана се надевала дека ќе се спречи воен конфликт се до првите гранати. Со автомобил полн со бензин и неопходни основни работи за живот, таа најпрво го напушта Киев со идеја да биде во околината на Киев неколку дена. Бидејќи работите не се подобри таа го напушта регионот и оди во Западна Украина каде останува една ноќ, за потоа да се упати надвор од Украина.

Татјана Јурко, м-р по Маркетинг

Татјана вели дека имала среќа што има автомобил и што успеала да ја напушти Украина без некакви последици, по пат не сретнала руски војници и безбедно стигнала во Германија. Сепак нејзини познати ја немале таа среќа и по пат добиле и куршуми во автомобилите, додека се обидувале да го напуштат воениот појас.

Блиските на Татјана на различни страни – некои во Европа, некои во Украина

После извесно време во Германија Татјана добива австралиска виза и моментално е таму, без идеја да се врати назад се додека нештата не се поправат. Нејзината фамилија, нејзините познати и блиски се на различни страни – некои во Украина некои во Европа. Од контактите со познатите во Украина нема училиште, нема факултет некои се со онлајн настава неко се рамо до рамо со војниците во одбрана на нивната татковина.

На прашањето што и е планот за иднината и дали планира да се врати во Украина, Татјана рече дека после ова доживување сосема матна и е иднината. Препораките се дека Украина не е безбедна и во блиска иднина останува во Австралија.

УНФПА: Милиони луѓе уште во ризик за сексуалната и репродуктивна благосстојба
Пушење на отворено – на 5 метри од другите луѓе