ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
23.01.2022
Тик Ток воведува платена претплата

Тик Ток потврди дека ја тестира поддршката за платена претплата. На овој начин, креаторите на популарна платформа ќе можат да наплаќаат за содржината што ја објавуваат.

Компанијата не објави никакви детали за тоа кога функцијата би можела да биде достапна, колку креатори ја тестираат или како би можела да изгледа структурата на претплатата.

Доколку функцијата биде прифатена, тоа ќе биде уште еден потег на Тик Ток кој ќе има за цел да им помогне на креаторите да ја монетизираат содржината што ја создаваат.

Тик Ток претходно го претстави својот центар „Creator Next hub“ со алатки за монетизација, а во декември минатата година овозможи да им се остава поклон на креаторите.

Засега нема детали кога и како функцијата ќе биде достапна, но од компанијата истакнуваат дека ја тестираат.

Претплатниците ќе плаќаат месечна претплата за пристап до ексклузивните содржини од создавачите што ги следат, вклучувајќи сториња и видеа во живо. Различните нивоа ќе се движат по цена од 0,99 до 99,99 долари месечно во зависност од тоа што создавачот ќе одлучи да наплати, а виолетова значка ќе го означи статусот на претплатникот на создавачот или инфлуенсерот во делот за коментари.

Од Инстаграм, кои се во сопственост на „Мета“, велат дека не планираат да ги намалат приходите од претплатата на креаторите најрано до следната година.

УНФПА: Милиони луѓе уште во ризик за сексуалната и репродуктивна благосстојба
Пушење на отворено – на 5 метри од другите луѓе