
Тренерот на Новак Ѓоковиќ, Марјан Вајда за прв пат се огласи по контроверзиите кои се случија во Австралија. Словачкиот тениски стручњак бил добро информиран за ситуацијата и во интервју за Sport Aktuality откри неколку детали кои ги загрижија фановите на Новак Ѓоковиќ.
“Доживеав шок, страдање и силни емоции. Не знам како ќе можев да издржам ако бев таму. Дури и дома во Братислава го почувствував тоа и не можев да спијам и да верувам што се случува. Тој отиде таму со една цел, а тоа е да игра тенис и да го одбрани трофејот“, изјави Вајда.
Според Вајда, настаните кои се случија ќе го следат Ѓоковиќ до крајот на животот. Тој смета дека ова бил политички процес кој ќе остави значителни последици врз тенисерот и неговото семејство.
„Не сум слушнал со него откако дојдов во Белград и никој не знае кои ќе бидат следните чекори. Тоа го погоди психички и болката ќе остане долго време. Ќе му биде тешко сето ова да го извади од неговата глава, но јас го познавам долго време и сигурен сум дека не го кажа последниот збор“, заклучи Вајда.
Инаку, Ѓоковиќ по депортацијата од Австралија пристигнал во Белград, а потоа се упатил кон Црна Гора каде одмара на приморјето. Во целата ситуација има многу прашалници, а најзагрижувачки е начинот на кој според многумина најдобриот тенисер на сите времиња ќе ја продолжи кариерата.
Словакот зборуваше и за Отвореното првенство во Франција, за кое Министерството за спорт изјави дека би било невозможно да се игра без вакцинација.
“Сопругата на Новак Ѓоковиќ не употребува парфеми – објасни зошто”
„Не разбирам зошто е важно да го објават ова сега за турнирите што ќе се одржат во мај, кога светот не ни знае што ќе се случи со пандемијата за еден месец“, Вајда.
Желбата на Ѓоковиќ за 21-та титула се чини дека е во опасност доколку неговиот став за вакцинацијата не се промени.