ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
15.03.2025
УГД дел од Саемот на образование во Скопје Сити Мол

На 15 и 16 март во Скопје Сити Мол се одржува Саемот на образование, втора година по ред. Саемот има за цел да ги спои на едно место сите универзитети и академии во државата и истите да ги презентира пред средношколците и идните студенти.

Покрај презентацијата на универзитети и академиите, во програмата на Саемот беа вклучени и бројни работилници со едукативен карактер, но и катчиња за анимирање на младите, кариерно советување, родителско катче, и разни организации за млади.

Настанот е во организација од „Студентарија“ во соработка со Скопје Сити Мол и Шпаркасе Банка.

Настанот беше доста посетен со голема заинтересираност на средношколците и матурантите за продолжување на своето образование. Најголем интерес, матурантите покажаа за медицинските и природните науки, но имаше и доста голем интерес и за општествените науки. Целта на Саемот е да го олесни пристапот на матурантите во информации и  избор за нивното понатамошно образование.

Настанот беше отворен од организаторот Гоше Николов и од министерката за образование Весна Јаневска.

Дел од Саемот за образование е и Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип.

-Задоволство ни е што денес и утре, овие два дена сме овде, да бидеме ме ќу сите универзитети од Македонија, и го претставуваме УГД со сите негови факултети и академии, но и Европската универзитска алијанса ACE2EU кон која што се вклучи универзитетот. Така што, ги покануваме сите студенти, сите заинтересирани да дојдат да не посетат овие два дена и се разбира да дознаат кои се можностите за студирање на нашиот универзитет УГД – изјави проф. д-р Ана Никодиновска Крстевска, Проректорка за меѓунаордна соработка.

Женскиот економски форум: Настан посветен на финансиската писменост и заштита од измами
Граѓаните се сомничави кон медиумите, но не ги проверуваат