ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
17.10.2023
УНИЦЕФ: Финансиите во македонското образование се значително под просекот на ЕУ
Автор: Goce Author

Македонија треба да се залага за зголемени расходи за образованието, кои во моментов се значително под просекот на ЕУ во однос на нивниот удел во бруто домашниот производ, како и за подобрување на ефективноста, ефикасноста и правичноста во расходите за образованието. Ова се наведува во соопштението на УНИЦЕФ по повод Меѓународниот ден за искоренување на сиромаштијата – 17 Октомври.

Фото: Министерство за образование и наука

На Меѓународниот ден за искоренување на сиромаштијата, УНИЦЕФ организира консултации со претставници  од секторите за образование, здравство и социјална заштита, вклучувајќи го и граѓанското општество, за да се постигне консензус за приоритетните мерки од политиките за справување со мултидимензионалната детска сиромаштија. Консултациите послужија и како форум за да се дискутира на кој начин може да се подобри меѓу-секторската соработка и  да се утврди поврзаноста со приоритетите, целите и постојните политики во секторите. Исходот од дебатата ќе помогне да се утврди патоказ за мерење на мултидимензионалната сиромаштија.


Тетово: Фалат учебници – МОН: општина Тетово да биде ажурна и да се грижи за учениците


„Важните аспекти на добросостојбата не може целосно да се опфатат само со финансиски мерки. Детската сиромаштија не зависи само од семејните приходи, туку се јавува и поради  недостаток во давањето  грижа, добра и услуги, како од страна на родителите, така и од државните органи. Детето може да живее во релативно богато семејство во однос на приходите, но може да страда, на пример, од физичко или психолошко насилство “, рече Патриција ДиЏовани, претставничка на УНИЦЕФ. „Таквото повеќекратно лишување се преклопува и влијае на добросостојбата на децата. Ги намалува шансите на децата во животот и нивната способност да го остварат својот целосен потенцијал. Тоа може да доведе до доживотни последици за децата, идните генерации и општеството.“Неодамнешното истражување на УНИЦЕФ за мултидимензионалната сиромаштија покажува дека образованието е клучен фактор за прекинување на меѓугенерацискиот циклус на сиромаштија, истакнувајќи дека има поголем процент деца засегнати од мултидимензионалната сиромаштија во домаќинства каде возрасните лица имаат пониско образование, со што се продолжува циклусот на сиромаштија.

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?