Универзитетските медиуми на Универзитетот „Гоце Делчев“ , на чело со порталот за млади www.goce.mk ќе учествуваат на глобален медиумски форум насловен Brave New Media.
На форумот ќе учествуваат 75 говорници од 26 држави на различни теми. Секцијата под која ќе учествуваат медиумите на УГД се нарекува Медиа селфи и таму учествуваат 15 медиуми, доминантно од Западен Балкан, но и други држави од целиот свет.
Brave New Media е форум кој се организира неколку години по ред и ги собира младинските медиуми од целиот Западен Балкан со цел да се разменат искуства и знаења, а воедно да биде можност да се дискутираат актуелните теми и предизвици во медиумскиот свет.
Настанот ќе се одржи онлајн во петок (26.11.2021 г.) и во сабота (27.11.2021 г.) , а претставувањето на Универзитетите медиуми ќе биде во сабота. Како претставници од медиумите ќе бидат Игор Стојанов, главен и одговорен уредник на Универзитетските медиуми и Дијана Насева, проект менаџер и маркетинг.
Brave New Media форумот е во организација на Академијата на Дојче Веле, а поддржан од ОБСЕ и Министерството за економска соработка и развој на Германија.