ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
03.12.2022
Успешна Е-твининг работилница во ООУ Гоце Делчев во Конче

Во рамките на проектот “Eco-friendly butterflies on a mission” или „Пеперутки на еколошка мисија“, се одржа е-твининг работилница на учениците, наставниците и родителите од ООУ  “Гоце Делчев „ – Конче во просториите на подрачното училиште во Долни Липовиќ.

Учество зедоа учениците од двете подрачни училишта во селата Горни и Долни Липовиќ. Е-твининг е платформа за соработка на училишта од европскитете земји и е главна акција на Европската Комисија во рамки на програмата за е-учење.

Овој проект е дел од некокулте е-твининг проекти кои се спроведуваат во ова училиште. Заедно со наставничките по англиски јазик, учениците од почетокот на оваа учебна година работат на проектот со нивни врсници, ученици во основни училишта во Романија и Словенија. Главна цел на овој проект е учениците да развијат став, вештини и чувство на одговорност кон зачувување на природата со сите нејзини компоненти. Исто така, ги учи да рециклираат и повторно да ги користат материјалите со што ќе ги одржуваат нивните места на живеење еколошки чисти.

Оваа работилница, како прва поголема активност на проектот има за цел да создаде соработка и заедничко работење на учениците со нивните родители и наставници. Заедничката изработка на костими – пеперутки кои се од рециклирачки матерјали се само почеток на мисијата која овие ученици ќе ја спроведат во текот на целата учебна година. По ова, следуваат низа на активности со што учениците ќе се обидат да успеат во нивната мисија да ја рашират пораката за одржување на животната средина еколошки чиста, како и да се запознаат со придобивките од рециклирањето.

Училиштето во Конче е дел од проект заедно со училишта од Словенија и Романија

„Истата оваа работилница во меѓувреме се спроведува и во основни училишта во Словенија и Романија, а нашите ученици работат во интернационални групи. Дизајнот на пеперутките и целокупната идеја е дел на детската имагинација односно нивните цртежи ги преточивме во прекрасни костими од матерјали кои се рецилираат. Во изминатите два месеца од оваа учебна година, учениците работејќи во своите интернационални групи, ги бираа формите на пеперутките, дизајнот на истите, а заедно креираа и лого на проектот“, истакна Кристина Димитрова, наставничка по англиски јазик во училиштето Гоце Делчев од Конче.

Учениците во својата мисија се поддржани и од директорот на ООУ „Гоце Делчев “ – Конче, г-дин Горјан Трајков кој ги охрабрува да продолжат со ширење на нивната порака за зачувување на општината и кој им помага во целокупната реализација на проектот. Учениците и наставниците се благодарни и велат дека соработката помеѓу вработените во училиштето, родителите и учениците е од исклучителна важност за реализацијата на вакви проекти.

Матурата е за славење – МВР со апел да прославите без автомобил, алкохол и дрога
Новото знаме на Република Северна