
Вечерва на небото ќе биде видлив редок небесен спектакл. Имено, ноќта од 31 јули кон 1 август, на небото ќе биде видлива супермесечина, а следниот пат ќе се појави 30 дена подоцна.
Вечерва Месечината ќе биде на оддалеченост од 357.530 километри од Земјата, а следниот пат ќе биде малку поблиску, на 357.344 километри.

Photo by Mike Petrucci on Unsplash
Последен пат две супермесечини во ист календарски месец се појавија 2018 година, а астрономите тврдат дека следниот таков феномен нема да се случи пред 2037 година. Утре, 1 август, ќе бидат видливи и Меркур и Марс.
Супермесечината е феномен кога Месечината се приближува до планетата Земја на растојание помало од 360.000 километри.
Во оние случаи кога е блиску до нас, добива неверојатна осветленост и нејзиниот дијаметар на небото е очигледно поголем. Во тој период има и поинтензивни плими.