
Во Националната опера и балет вечерва ќе биде изведена операта „Турандот“ од Џакомо Пучини. Претставата се изведува во рамки на 50. јубилејно издание на фестивалот „Мајски оперски вечери“. https://operabalet.mk/event/3462/

Диригент: Даниеле Аџиман (Италија)
Режисер / Сценограф / Костимограф: Џанкарло дел Монако(Италија)
Кореограф: Саша Евтимова
НАСТАПУВААТ:
Турандот: Ханиинг Цо (Тајван)
Калаф: Иван Момиров (Бугарија)
Лиу: Злата Тошевска
Тимур: Игор Дурловски
Пинг: Драган Ампов
Панг: Јане Дунимаглоски
Понг: Дејан Стоев
Мандарин: Диме Петров
Алтоум: Мирослав Антовски
Настапуваат хорот и оркестарот на Национална опера и балет

„Турандот“ е опера во три чина од Џакомо Пучини. Напишана е по либретото на Џузепе Адами и Ренато Симони, а базирана на адаптацијата на Фридрих Шилер на драмата „Турандот“ од Карло Гоци. Пучини умира не довршувајќи ја операта, којашто подоцна е завршена од Франко Алфано. Одликувајќи се со „невообичаен“ музички материјал, во кој предничи иновативната употреба на хорот и оркестарот, стилот на Пучини во ова оперско дело е особено препознатлив во широките, експресивни мелодии.