ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
31.07.2023
Вечерва ќе има редок небесен феномен – следниот ќе биде дури за 14 години
Автор: Goce Author

Вечерва на небото ќе биде видлив редок небесен спектакл. Имено, ноќта од 31 јули кон 1 август, на небото ќе биде видлива супермесечина, а следниот пат ќе се појави 30 дена подоцна.

Вечерва Месечината ќе биде на оддалеченост од 357.530 километри од Земјата, а следниот пат ќе биде малку поблиску, на 357.344 километри.

Последен пат две супермесечини во ист календарски месец се појавија 2018 година, а астрономите тврдат дека следниот таков феномен нема да се случи пред 2037 година. Утре, 1 август, ќе бидат видливи и Меркур и Марс.

Ново откритие на темната страна на Месечината

Супермесечината е феномен кога Месечината се приближува до планетата Земја на растојание помало од 360.000 километри.

Во оние случаи кога е блиску до нас, добива неверојатна осветленост и нејзиниот дијаметар на небото е очигледно поголем. Во тој период има и поинтензивни плими.

Науката открива: Дружењето навистина го продолжува животот
Студенти и млади археолози од 4 држави истражуваа на локалитетот во близина на Св. Николе