ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
28.04.2023
Велигденскиот донаторски концерт ќе „купи“ музички инструменти
Автор: Goce Author

Велигденскиот донаторски концерт на Ротару клуб Штип и ДМУЦ Сергеј Михајлов резултираше со собрани над 300.000 денари. Средствата ќе бидат наменети за набавка на музички инструменти.

Ротари клуб – Штип и ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ успешно завршија уште една хумана мисија – Велигденскиот донаторски концерт. Сепак, тоа е само една фаза, секако најважната во целиот проект, а сега ќе следи и обезбедувањето на инструменти за учениците во Средното музичко училиште.

Тоа е всушност и најзначајниот дел од целиот овој проект – организацијата на хуманитарниот концерт е со цел да се обезбедат средства за содзавање подобри услови за учениците. Така беше и со претходните концерти, кога беа опремени училници. Од годинашниот концерт, планирано е собраните средства од донации да се искористат за набавка на музички инструменти.

ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ направи јубилеј – 10-ти предновогодишен концерт!

Според првичните податоци од Ротари клуб – Штип, од донации и од продадените билети за концертот се собрани над 300.000 денари. Веќе по празниците заедндо со ДМУЦ „Сергеј Михајлов ќе биде одлучено кои и какви инструменти ќе бидат набавени за потребите на учениците од училиштето.

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
(Видео) Гоце.мк ве носи зад сцената на Макфест 2026