ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
23.11.2023
Верстапен победи во Монца и постави рекорд во Формула 1

Холандскиот возач во болидот на Ред Бул, Макс Верстапен, ја забележа денеска рекордната 10. победа во серија во Формула 1, триумфирајќи на патеката во Монца за Големата награда на Италија.

За Верстапен ова е 12 победа оваа сезона и вкупно 47 во кариерата, со која ја зголеми предноста во генералниот пласман.

Триумфот на Верстапен, воедно, ја издвои Ред Бул како прва екипа во историјата со 15 победи во низа во Ф1.Второто место во Монца го освои клупскиот колега на Верстапен, Серхио Перез, а на подиумот се искачи и возачот на Ферари, Карлос Саинц, кој ја почна трката од пол-позицијата.

Следната трка се вози на 17 септември за Големата награда на Сингапур.

6 спортисти заработиле 3 пати повеќе од буџетот на Македонија

Текстот е изработен од страна на средношколци практиканти од СОУ Коле Нехтенин – Штип, како дел од соработка меѓу ГОЦЕ.МК и средните училишта

Автор: Јордан Величков 

Британска и македонска воена музика во Градскиот парк во Скопје
Крај на скапите сметки – ЕУ отвора пат за бесплатен роаминг во 2027 година?