ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
16.02.2024
Вештачката интелигенција веќе креира видеа по текст
Автор: Goce Author

Компанијата за вештачка интелигенција OpenAI, најави нова алатка наречена „Сора“ која ќе може да креира видеа создадени со текст инструкции. Видеата ќе траат 60 секунди.

Скриншот од видеото креирано од ВИ

Според тврдењата на компанијата, оваа технологија ќе може да креира видеа од неподвижна слика или да додаде комплетно нови снимки. „Ја учиме вештачката интелигенција да го разбере и симулира физичкиот свет во движење“, велат од OpenAI во врска со „Сора“.

Моментално „Сора“ е достапна само за истражувачи кои ќе работат истата да не биде искористена за злонамерни цели како создавање насилни и порнографски содржини. Иако ограничен пристат имаат само истражувачите и визуелни уметници, извршниот директор Сем Алтман на социјалната мрежа „X“ сподели видео клипови создадени од „Сора“. Видеата имаат и печат со кој се препознава дека се создадени од вештачка интелигенција.

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
(Видео) Гоце.мк ве носи зад сцената на Макфест 2026