ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
26.06.2023
Вештачки произведено месо веќе може да се продава во САД
Автор: Goce Author

Регулаторното тело на САД ја одобри продажбата на „клеточно култивирано“ пилешко месо вештачки креирано од компанија во Калифорнија.

„Култивирано“ месо, кажано поедноставно, е израснато од животински клетки. Ако замислите дека местото кое го јадеме десетици илјади години, местото кое го култивираме е биолошки исто, но направено на различен начин, изјави Ејми Чен, од Upside Foods.

Компаниите Upside Foods и Good Meat се тркаа кој прв ќе ја добие дозволата за продажба на ова месо кое не доаѓа од убивање на животни.

Ќе мораме ли да ја смениме исхраната, за да го спасиме светот!?

Според производителите, станува збор за комплетно истиот продукт кој е направен на различен начин, без потреба да се убиваат животни. Тие се уверени дека ова ќе ја промени целата индустрија за храна. Според нив ова месо ќе создаде нов начин во гледањето на храната. Сега е можеби чудно, но со текот на времето ќе стане нормално, велат од компанијата.

 

Науката открива: Дружењето навистина го продолжува животот
Македонските научници на едно место: Порталот „е-наука“ може да ти донесе меѓународна соработка, бизнис-партнери и финансирање