ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
06.09.2022
(Видео) Дали културниот живот на Балканот полека згаснува?

Операта и балетот отсекогаш се сметаат како темели на културниот живот, но дали во земјите на Балкан има услови за да се оправда таквиот статус?  Милош и Нина од Србија се двајца млади кои се занимаваат со опера и балет уште од мали нозе. Тие раскажаа за своите соништа, но и за реалноста и условите кои се нудат во овие подрачја во областа на културата.

Милош Лазович со оперско пеење активно се занимавал осум години пред да се откаже поради недоволните услови кои се нудат во оваа област во замена за големиот труд кој треба да се вложи.

Нина Гаврилович, пак танцува балет од својата трета година, но сепак одлучила да учи во Математичката Гимназија во Белград. Таа го гледа балетот само како хоби, а смета дека најголемиот проблем е што во помалите места не се нудат ни доволно услови за да се тренира, па така тие се приморани да се преселат во поголемите градови доколку сакаат да изградат балетска кариера.

 

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
(Видео) Гоце.мк ве носи зад сцената на Макфест 2026