
Долгогодишниот директор на Домот на Младите, Божидар Бошко Симоновски доби свој мурал на зградата од домот. Бошко бил директор од 1982 година, па се до пред 4 години. Во времето на Бошко во Штип се донесени најголемите имиња во музиката и уметноста, а Домот стана препознатлив низ цела Македонија и тогашна Југославија. Уметницата Елена Поповска го изработи муралот, на иницијатива на Видан Лазарев, актуелниот директор на Домот.
Дланките на Бошко ќе останат засекогаш како траен белег на оваа институција која треба да биде храм на уметноста и младите во Македонија.
Божидар Симоновски воедно денес го прими и признанието “8ми Ноември” од градот Штип. Признанието го доби како резултат на неговата долгогодишна работа и заслуга во промоција на македонската музика и уметност воопшто.
Во продолжение погледнете го видеото од моментот кога Бошко првпат го виде муралот на ѕидот од институцијата во која помина најголем дел од својот живот.