На 22 март Штип практикува уникатен и вековен обичај – четерсе. Тоа е верски празник „Свети 40 маченици“ , а штипјани го одбележуваат со качување на тврдината Исар.
Младите застануваат во црквата која е на Исарот, а при качувањето кон врвот имаат интересен обичај. Според традицијата, оние кои се качуваат треба да се поздрават со најмалку 40 луѓе. Треба да соберат 40 камчиња – 39 од нив да ги фрлат во Брегалница од спротивната страна, а едно да остават под перница. Според верувањето, вечерва доколку спијат со тоа едно камче под перница, ќе го сонуваат својот животен сопатник.
Гоце.мк се качи и го надлета Исарот