ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
11.04.2022
(Видео) Гоце.мк организираше тренинг за млади новинари со Дојче Веле Академија
Автор: Goce Author

Гоце.мк организираше тренинг за млади новинари на која тренери беа искусни предавачи од Дојче Веле Академијата од Бон, Германија.

Во рамките на својата соработка која гоце.мк ја започнува со Дојче Веле Академија ќе се реализираат неколку активности од кои првата е обука на „Интервју“ со младите новинари кои се вклучени во порталот гоце.мк, но и останати заинтересирани млади луѓе. Сите учесници добија сертификати од Академијата на Дојче Веле.

Предавачи на тренингот беа Симе Недевски и Лидија Томиќ од Дојче Веле Академија. На обуката се пријавија 14-тина млади луѓе кои се стекнаа со вештини за правење новинарско интервју.

Соработката на Гоце.мк со Дојче Веле ќе продолжи со уште неколку активности кои треба да се реализираат до крајот на 2022 година. Следна активност е учество на млади новинари од Гоце.мк на балкански конференции во Србија, а потоа и вмрежување на гоце.мк со стотина други младински медиуми од целиот Балкан.

Во продолжение погледнете го видеото и фотографии од настанот.

 

Студенти и млади археолози од 4 држави истражуваа на локалитетот во близина на Св. Николе
(Видео) Зголемен интерес за студирање на УГД во Штип – зошто младите го прават овој избор?