Невладините организации и граѓаните од Велес почнаа да алармираат за бетонизацијата и прекумерната урбанизација на велешкото езеро Младост.
Младите учесници од Школата за раскажување видео приказни на УГД, изминатиот викенд преку практична работа изработија приказна за еколошкиот аспект на велешкото езеро.
Голем интерес за „Школата за раскажување видео приказни“ на УГД
Видеото е дело на учесниците Деспина Миланова, Кристијан Мартинов, Марина Василевска Стојановска, Илија Анакиев и Бојан Андонов.
Школата за раскажување видео приказни беше дел од проектот „Strenghtening Quality News and Independent Journalism in the Western Balkans and Turkey II“ финансиран од Европската Унија.