ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
04.11.2021
(Видео) Илија Ивановски е првиот студентски правобранител на УГД

Универзитетот „Гоце Делчев“ преку универзитетскиот сенат го избра Илија Ивановски за прв студентски правобранител. Универзитетскиот сенат неодамна го потврди неговиот избор по предлог на Универзитетското студентско собрание. Илија е студент на Факултетот за медицински науки, кој е и најброен факултет во рамките на Универзитетот.

Прво нешто што ќе направам е ќе ги свикам сите претседатели на факултетските собранија со кои ќе морам да имам тесна соработка. Сакам да се запознаам со нив и да ги запознаам проблемите со кои се соочуваат студентите“, вели Илија.

Во продолжение проследите го краткото интервју со Илија, за неговите планови и идеи и за тоа како студентите да го контактираат за евентуални претставки и проблеми.

Студентскиот правобранител е достапен преку е-маил на pravobranitel.ugd@outlook.com .

 

500 дечиња ќе трчаат на првата детска трка во Штип
Млади волонтери организираат хуманитарни концерти, работат со социјално загрозени и лица со интелектуална попреченост, а придонесуваат и за почиста околина во Штип