ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
03.08.2022
(Видео) Куклици во Кратово мора да го видите

Камени Кукли (Куклици) – според народните преданија, скаменети сватови на несреќна свадба од клетва на вљубена сиромашна девојка во Кратово.

Според науката, природна појава настаната со долготрајната ерозија на вулканските карпи, со оформени специфични форми. Овие процеси почнале пред десетина илјади години, а продолжуваат и денес.

Популарниот локалитет се наоѓа на 15-тина км од Кратово, близу Крива река.

Како и за други туристички места, и овде нешто мора да недостасува.

На регионалниот пат нема ниту еден знак кој би ве информирал каде треба да свртите од главниот пат за да стигнете до Камените кукли.

Затоа, кога ќе видите знак „Кетеново“, подгответе се да барате исклучок, или едноставно прашајте некој од мештаните.

До Камените кукли се вози по тесен асфалтиран пат, па возете внимателно, нема место за два автомобили и за безбедно разминување.

Во Инфо центарот на локалитетот можете да купите брендирана маица или магнет, а плаќате влезница од 60 денари.

Со сите недостатоци, Камените кукли се атракција која мора да ја видите.

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
(Видео) Гоце.мк ве носи зад сцената на Макфест 2026