ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
07.09.2022
(Видео) Македонски пилот зборува за теориите на заговор наречени „кемтрејлс“

Пилотот Раде Ивановски од Штип повеќе од 30 години е пилот за многу светски авиокомпании. Летајќи на дестинации од Европа, Азија и Африка, Раде вели дека теориите на заговор поврзани со авионите едноставно не се можни.

„Зборуваме за авиосообраќај што е многу сериозен вид превоз. Станува збор за сериозни контроли уште пред почетокот на летот, уште при процесот на влегување на патниците, багажот и на самиот екипаж. Според мерките за безбедност, дури и екипажот се движи низ аеродромот и до авионот по строги правила“, вели Ивановски.

Раде Ивановски

Лажните вести поврзани со овие теории никако да престанат. Луѓето ги гледаат кондензациските траги од авионите на небото и тврдат дека тоа се некакви хемиски состојки со кои се труе населението.

Принтскрин Facebook

„Тоа не се никакви траги од хемиски состојки. Горивото што го согоруваат моторите, не остава секогаш кондензациски траги. Тоа е исто како создавањето на облакот, со кондензација и сублимација. Тие гасови загреани, со голема температура, излегуваат во заситен воздух и создаваат бели линии или кондензациски траги“, вели Ивановски.

Денес и авиокомпаниите мора да се борат против лажните вести

Лажните вести поврзани со оваа индустрија му наштетуваат на самиот авиопревоз. Компаниите денес имаат еден предизвик плус, а тоа е и да се борат против лажните вести што се шират за најбезбедниот превоз. Многу научни институции постојано прават анализи и истражувања на темата. Неодамна дури и Универзитетот Харвард одговараше на прашања поврзани со оваа теорија на заговор.
Целото интервју со Раде Ивановски погледнете го во продолжение.

 

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
(Видео) Гоце.мк ве носи зад сцената на Макфест 2026