ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
20.07.2022
(Видео) Над 70% од младите никогаш не се вклучиле во носење одлуки – преку проект на НМСМ ќе се активираат

Најголем дел од младите никогаш не се вклучиле во носењето на одлуките – ова било заклучено од истражување кое го спровеле од Националниот младински совет на Македонија (НМСМ). Токму поради ова тие организираат проект со 30 младински организации.

Фото: Euro House Skopje

„Како опипливи резултати од проектот во идните 30 месеци се очекува да се зајакнат капацитетите на најмалку 30 младински организации и најмалку 8 локални младински совети, да се направи мониторинг на имплементацијата на Законот за младинско учество и младински политики, по што би се креирале 8 мониторинг извештаи за секој од планските региони и еден национален кој ќе ги опфати и националните институции“, беше истакнато на прес конференцијата.

Корупцијата најголем „виновник“ за заминувањето на младите

Проектот ќе се имплементира заедно со Фондација за локален развој на заедницата – Штип, СФЕРА Интернешнал – Битола и Youth Empowerment Platform – Гостивар.

Главната цел на проектот е, како што велат авторите, да го подобри локалното владеење преку зголемена инклузивност на локалните процеси и младинското влијание во општеството.

Во продолжение погледнете ја прес конференцијата на четирите организации која се одржа вчера во Europe House во Скопје.

 

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
(Видео) Гоце.мк ве носи зад сцената на Макфест 2026