ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
08.03.2023
(Видео) Проф. Пачемска: Живееме во свет базиран на знаење, а не на сила – затоа нема машка и женска професија 

Денес со нас е Проф. Татјана Атанасова Пачемска, една од најзначајните жени математичарки во нашата држава, авторка на книги по математика во основно, средно и високото образование.

Во пресрет на 8 ми март зборуваме токму за правата на жената во науката и образованието.  Меѓународен ден на жената е светски празник, ден каде се бележи борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност се мажите.

Професорка на Универзитетот ,,Гоце Делчев’’ во Штип, а нејзината работа има огромно влијание во обликувањето во нејзината област и отвори нови граници на истражување. Беше деканка на електротехничкиот факултет, кој што се смета за ,,машки’’ факултет.

проф. д-р Татјана Пачемска

Таа ни покажува дека дури и на поле на кое доминираат мажи, жените може да бидат пример и да го водат патот напред со своите откритија. Професорката Пачемска споделува за нееднаквоста меѓу мажите и жените во науката и во образованието. Потенцира дека и покрај тоа што ние сме во свет кој е базиран на знаење, сепак поради физичката доминација има дискриминација на жените и тие не се доволно застапени во одредени научни дисциплини или на одредени менаџерски позиции.

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
(Видео) Гоце.мк ве носи зад сцената на Макфест 2026