
Традиционалниот Вевчански карневал заврши годинава со палење на маските и традиционално василичарско оро во дворот на Мултикултурниот центар. Традицијата стара над 1.400 години и годинава беше исполнета со различни маски и многу посетители.

Фото: Бобан Стојаноски
На сатиричен начин со уникатни маски беа прикажани актуелните состојби во државата. Овој карневал од секогаш симболизира два света, еден кој му припаѓа на паганството, а друг на христијанството. Секоја година се одржува на Василица, односно на Стара Нова година и е проследено со многу уникатни и различни маски.
И годинава видео ни испрати Бобан Стојаноски кој што со фотографија и видеографика се занимава веќе неколку години.
Погледнете дел од атмосферата која владееше низ улиците во Вевчани: