
Вевчанскиот карневал и годинава помина според очекуваното. Многу луѓе традиционално го избркаа злото преку хумор, сатира и уникатни маски.

Преку различни теми учесниците ја прикажаа целата година во оваа манифестација. Облечени како невести, зетови, „копачи“ на биткоини, ѓаволи … со посебен хумор и сатира ја пречекаа Православата Нова година и упатија силни пораки кон општеството и владата. Традиционално ја завршија манифестацијата со палење на маските.

Гоце.мк – Финални подготовки за Вевчански карневал 2022 – (goce.mk)

Погледнете го видеото и фотографиите од Бобан Стојаноски, кој успешно го доловил секој посебен момент од оваа манифестација.