ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
09.08.2022
(Видео) Зоран Николов се искачи на неколку врвови на Западни Хималаи во многу тешки временски услови

Зоран Николов како единствениот македонски учесник на 12 дневна експедиција на Западните Хималаи, успешно ја заврши експедицијата за искачување а планинскиот венец Памир.

Поради исклучително лошите временски услови Зоран не успеа да ја достигне целта која ја зацрта пред тргнување, но стигна до врвови кои се на 5 и 6 илјади метри надморска висина.

Временските услови не дозволиле искачување над овие врвови. Препораките од локалните водичи биле дека мораат да се вратат назад. Во истиот период, за жал, имало и настрадани и починати планинари од други експедиции. Сите овие информации кои стигнале до нив не им дозволиле да се продолжи мисијата. Зоран е вработен на Универзитетот Гоце Делчев во Штип, кој исто така финансиски го помогнал овој подвиг.

Гоце.мк разговараше со Зоран за неговите предизвици и искуството

Памир е еден голем предизвик за планинари од целиот свет, а штипјанецот е меѓу ретките од својот клуб кој си задал и исполнил ваков предизвик. Памир се наоѓа во Таџикистан, искачувањето било реализирано од соседната држава Киргистан. Погледнете го видеото од искачувањето снимено од камерата на Зоран.

Во продолжение видете ја и убавата галерија од фотографии од овој планински венец.

 

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
(Видео) Гоце.мк ве носи зад сцената на Макфест 2026