
Друштвото на планинарски спортови Лисец – Штип, ја релизираше првата македонска женска експедиција на врвот Браитхорн на 4.164 мнв, на швајцарските Алпи!
Врвот Браитхорн беше искачен на 07.10.2022 година во 11:32 часот, од следните членови: Вишна Шорова-Ангелова, Снежана Наковски, Бисера Димитрова, Билјана Спаскова, Кристина Сандева и Атанаска Ристова, со логистичка поддршка од: Трајче Алексов, Кирил Стојанов, Милорад Ангелов и Тоше Ристов.
Со ова, ДПС Лисец стана првиот и единствен македонски клуб кој испрати женска експедиција на Алпите и на тој начин стана етаблиран планинарски клуб, кој преку ентузијазам, силна мотивација и верба во своите членови, работи на развој на овој спорт меѓу сите генерации, независно од нивниот пол, социјален или образовен статус.
Гоце.мк разговараше со тимот. Во продолжение погледнете што ни споделија од ова неверојатно искуство.