
Доколку имаш идеја како би изгледал подобар, позелен и поинспиративен град, сега е вистинската можност да ја претвориш во фотографија, уметничко дело или постер.
Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, во рамки на европскиот проект GREENSTARS, распиша јавен повик за учество на креативен натпревар за средношколци и студенти на тема „Градот каков што е – Градот каков што би можел да биде“.

Целта на натпреварот е да ги поттикне младите да размислуваат критички за средината во која живеат и преку уметност и креативност да понудат сопствена визија за иднината на градовите. Темите можат да опфатат урбан развој, јавни простори, животна средина, култура, одржливост и квалитет на живот.
Учесниците можат да се пријават во една или повеќе категории: Фотографија, Ликовно дело и Постер.
Секој учесник може да поднесе најмногу четири оригинални авторски труда.
Право на учество имаат сите средношколци и студенти од земјата. Учеството е индивидуално, а трудовите ќе се оценуваат одделно во две категории – средношколци и студенти.
Ќе бидат избрани вкупно шест победнички труда, по три во секоја возрасна категорија:
Со тоа, и средношколците и студентите ќе имаат можност да освојат признание за својата креативност и визија за градовите на иднината.
Крајниот рок за доставување на трудовите е 1 септември 2026 година.
Сите пристигнати дела ќе бидат изложени на 25 септември 2026 година, во рамки на манифестацијата „Европска ноќ на истражувачи“, кога ќе бидат објавени и победниците.
Ова е одлична можност младите не само да ја покажат својата креативност, туку и да испратат порака за тоа како сакаат да изгледаат градовите во кои живеат, студираат и ја градат својата иднина.
Повеќе информации и условите за учество се достапни во јавниот повик објавен од Универзитетот „Гоце Делчев“.