ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
02.11.2022
Во недела трчајте во Гевгелија! November run со многу поголем број учесници годинава
Автор: Goce Author

И годинава „November run 2022“ ќе ги наполни гевгелиските улици со учесници од цела Македонија, а и надвор од неа. Трката оваа година ќе се одржи во два дена. На 5ти ноември во сабота ќе се одржи трката за деца, а на 6ти ноември во недела учесниците имаат можност да трчаат на 5 и 10 метри.

Атлетската трка „November run 2021“ се одржа минатата година за прв пат по повод „Денот на ослободувањето – 7-ми Ноември“.

„Организирањето на трката во Гевгелија е само дел од нашата активност, а идејата се роди уште во 2019 година кога всушност го формиравме и здружението. Зголемувањето на желбата за трчање, коja порасна и стана своевиден тренд во светот, па и кај нас, беше главната мотивација за ваква одлука. Со оваа трка сакаме да го промовираме градот Гевгелија и регионот. Да се обединиме сите заедно преку спортот, како здрав начин на живот.“, изјавија од  АК „7-ми Ноември“.

Ноемвриска трка – вистински спортски празник во Гевгелија

На трката годинава е пријавен многу поголем број на учесници, како од Македонија, така и надвор од неа. На трката во недела учество ќе заземат 639 натпреварувачи. И годинава, како и изминатата, волонтерите ќе бидат дел од трката и ќе се погрижат за безбедноста на учесниците.

 

Студенти и млади археолози од 4 држави истражуваа на локалитетот во близина на Св. Николе
(Видео) Зголемен интерес за студирање на УГД во Штип – зошто младите го прават овој избор?