ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
14.12.2023
Во супермаркетите низ Струмица поставени корпи за божиќни донации
Автор: Goce Author

Фондацијата „Елеуса“ почна голема хуманитарна акција во Струмица под мотото „Подари дел од својата трпеза, нахрани гладен“. Во поголем број маркети низ Струмица се поставени корпи во кои граѓаните може да оставаат прехранбени продукти, кои потоа ќе бидат доставени до најсиромашните наши сограѓани за претстојните божиќни празници, соопштија денеска од Фондацијата.

Упатуваат огромна благодарност до нивните партнери, чиј број се зголемува од година во година, а општествено одговорните компании не ги забораваат луѓето кои страдаат.

За жал, бројот на гладни наши браќа и сестри секојдневно расте. Оваа кампања е со цел да ни ги отвори срцата да сострадуваме и да покажеме дека во нас сè уште има љубов и дека не сме го изгубиле човечкото, дека не можеме да бидеме спокојни што некој заспива гладен, дека не ни е сеедно што има дечиња кои поминуваат со еден оброк или без ниеден, велат од Фондацијата.

Собраната храна ќе биде употребена за подготовка на Божиќните пакети, кои ќе ги добијат околу 160 семејства во Струмица и населените места кои гравитираат кон Струмичката православна епархија, а акцијата „Подари дел од својата трпеза, нахрани гладен“ ќе трае до крајот на месецот.

Што е „токсична носталгија“ и како може да биде опасна за тебе и општеството?

Текстот е изработен од страна на средношколци практиканти од СОУ Коле Нехтенин – Штип, како дел од соработка меѓу ГОЦЕ.МК и средните училишта.

Автор: Јордан Величков 

500 дечиња ќе трчаат на првата детска трка во Штип
Младите гласаат: Интерактивна симулација на Европските парламентарни избори 2024 во Штип