
До вчера во Северна Македонија се вакцинирани 838 987 граѓани, а втора доза примиле 810 990. По трет пат против Ковид – 19 се вакцинирале 86 266 граѓани. Според анализите на Министерството за здравство аплицирани се вкупно 1 736 243 дози вакцини.
Несаканите дејства од вакцините против Ковид 19 се во рамките на очекуваните
Процентуално со две дози вакцинирани се 48 отсто од граѓаните, додека 57 отсто од граѓаните над 40 години се ревакцинирани.
„22 отсто од вакцинираните граѓани постари од 60 години примиле трета доза вакцина. Опфатот со една доза вакцина на полнолетната популација е 50 отсто. Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација“, велат од Министерството.
Австралија одобри вакцинација кај деца од 5 до 10 годишна возраст
Од министерството повторно упатија апел за помасовна вакцинација, потсетувајќи дека на тој начин се спречува потешка форма на болеста и смртен исход од вирусот.