ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
21.02.2022
Второ издание на фестивалот за култура – Коронијалс
Автор: Goce Author

Во Домот на култура „Кочо Рацин“ во Скопје, од денес до 28.2.2022 година, по вторпат, ќе се одржи фестивалот за култура „Коронијалс.“

Коронијалс претставува поле на кое се вкрстуваат многу нишки на времија и безвремија, младости и возрасти, интереси и откровенија со цел – да се создаде силна нишка на која ќе се подигне новото време на македонската културна – уметничка сцена, велат организаторите на фестивалот.

Инаку, фестивалот ќе биде отворен со ликовна изложба која ќе трае до крајот на настанот, публиката ќе може да се проследи и ноќ на класична музика и опера од учениците од ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“, книжевна емисија на Светла Јакшиќ и Пепи Стамков со гостинот – Стефан Марковски. Публиката може да ја погледне монодрамата „Ѕвездан“ на Емануела, краткиот филм „Пикавец“ и игранка со експериментален музички состав од Кавадарци.

Фестивалот „Коронијалс“ ќе биде заокружен во недела, со „Ноќ на прозата и поезијата.“

Влезот е бесплатен. Настанот ќе се одвива согласно со сите пропишани мерки за заштита од Ковид-19.

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
(Видео) Гоце.мк ве носи зад сцената на Макфест 2026