ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
20.01.2026
Второто полугодие почна без одложување: Јаневска вели дека грипот не бил причина за продолжување на распустот
Автор: Goce Author

Учениците низ државата денеска непречено го започнаа второто полугодие од учебната 2025/2026 година, по тринеделниот зимски распуст, без дополнително одложување поради грипот.

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, изјави дека е задоволна што здравствената состојба не достигнала алармантно ниво кое би наложило продолжување на распустот и дека наставата продолжила со редовен тек.

Во гостување на Македонската радио-телевизија, Јаневска истакна дека во образовниот систем е неопходно повеќе ред и континуитет, особено ако се земе предвид дека учениците во Северна Македонија имаат помал број наставни часови во споредба со учениците во земјите од Европската Унија.

„Нашите ученици до 15-годишна возраст имаат околу 900 наставни часови помалку од нивните врсници во ЕУ, чии стандарди сакаме да ги достигнеме. Затоа е важно да се почитува редот во образованието“, изјави Јаневска.

Нејзината изјава доаѓа по неколкудневните јавни дилеми дали зголемениот број заболени од грип ќе доведе до ново пролонгирање на распустот. Според министерката, домашните и меѓународните истражувања покажуваат дека подолгиот престој на учениците во училиште има директно влијание врз подобри резултати, знаење и развој на вештини.

Учебната година продолжува според предвидениот календар, без најави за дополнителни измени.

Студентскиот протест пред УЈП помина со само неколку студенти
На 22 април во Штип директна средба меѓу идни студенти, факултети и компании