
Аргентина, новиот светски шампион во фудбал заработи 42 милиони долари, а Франција 30 милиони долари од фондот на ФИФА, кој е 440 милиони долари.

Фото: FIFA
Парите ќе одат за фудбалските сојузи, а најголем дел од наградните пари ќе одат кај самите фудбалери.
Аргентина во едно од највозбудливите финалиња на Светскои првенство ја победи Франција по изведување на пенали. Во регуларниот тек беше 2:2, по продолженијата 3:3. Трите гола за Франција ги постигна Мбапе, а за Аргентина два Меси и еден Ди Марија.
Ова се само парите кои репрезентациите кои стигнаа во финалето ги добиваат како награда од ФИФА, и тука не се вклучени спонзорските договори или средства кои фудбалкските асоцијалции или самите држабви ќе ги обезбедат за своите фудбалери.
Документарец за Модриќ објавен на Нетфликс со досега невидена снимка од неговото детство
Интересно е дека на пример, доколку Франција победеше во финалето, Килијан Мбапе и неговите соиграчи во репрезентацијата ќе добиеја бонус од 586.000 долари од Француската фудбалска асоцијација.
Хрватска, третопласираната репрезентација на Светското првенство, заработи 27 милиони долари од ФИФА, а четвртопласираниот Мароко 25 милиони долари.