ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
08.05.2022
Започна процес за изготвување нов Закон за средно образование
Автор: Goce Author

Министерството за образование и наука започна процес за донесување нов Закон за средно образование, 27 години по донесувањето на актуелниот, донесен во 1995 година.

Претставници од повеќе институции ќе бидат вклучени во подготовката на новиот закон, со цел да се изнајде најдоборото решение, кое можеби нема да има потреба од толку многу измени и дополнувања како она донесено во 1995. Најважно сепак е новото решение да биде во интерес на учениците и наставниците и да обезбеди основа за квалитетно средно образование во Македонија.

Преку инклузивен процес со учество на претставници од повеќе институции и организации, започнува изработката на новиот Закон за средното образование кој треба да обезбеди повеќе права и можности за учениците и наставниците од средните училишта и генерално да ги унапреди состојбите во оваа област.

Работната група формирана со одлука на министерот за образование и наука ја одржа својата прва средба на која беше потенцирана потребата за изработка на нов закон, имајќи предвид дека постојниот е донесен во 1995 година со бројни измени и дополнувања во меѓувреме, а беше договорена и методологијата за работа и временската рамка во која законското решение треба да биде изработено.

Медијацијата продолжува, проблемите во образованието тлеат

Претставниците на ресорното министерство во следниот период ќе соработуваат со Бирото за развој на образованието, Центарот за стручно образование и обука, Државниот испитен центар, претставници на средните училишта, УСАИД, ОБСЕ и УНДП. Поддршка е обезбедена и од Сојузот на специјалните едукатори и рехабилитатори на Северна Македонија, наставничките факултети, УНИЦЕФ, но и други страни од интерес од кои се очекува придонес во креирање на најдоброто законско решение.

(Видео) Единствената уметница во Македонија која слика со уста
Студентски оброк, лажни соопштенија-ќе продолжат ли преговорите?