Женскиот економски форум: Настан посветен на финансиската писменост и заштита од измами
Женскиот економски форум добива нов датум и ќе се одржи на 30 март во Домот на култура „Билјана Беличанец“ во општина Кисела Вода-Скопје.
Настанот ќе започне во 10:00 часот и ќе трае до 16:00 часот, со цел да ги информира и едуцира учесниците за финансиската писменост и заштитата од финансиски измами.
Форумот ќе опфати панел-дискусии и интерактивни работилници, а на него ќе се обратат министерката за образование и наука-Весна Јаневска, министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочовска, како и истакнати експерти од Македонија и странство. Темите ќе бидат насочени кон градење здрави финансиски навики и заштита од ризиците во модерниот финансиски свет.
Организаторите апелираат на навремена регистрација бидејќи бројот на места е ограничен.

Заинтересираните можат да се пријават на официјалната веб-страница
www.jassumzena.mk.
Настанот завршува со коктел-мрежување, каде што учесниците ќе имаат можност да разменат идеи и искуства за финансиска независност и безбедност
Можеби ќе ве интересира