
Александар Наневски, 29 годишен Македонец кој од својата шеста година живее во Луксембург, е еден од новите студенти кои од оваа есен ќе студира на Факултетот за образовни науки на УГД – Штип.

Александар Наневски

Во Луксембург Александар работи во « Foyer scolaire » за градот Луксембург.
Foyer scolaire е дел од неформалниот образовен процес кој се однесува на деца на возраст од 3-12 год.
„Јас сум дел од екипата воспитувачи кои го организираат целодневниот престој на децата пред и по заврашување на редовниот училишен ден. Организираме активности и воспитни игри, помош во пишување на домашни задачи и помош при учење. Моментално работам како воспитувач во целодневна настава во склоп на основното училиште “ Ценц- Луксембург”.
Специфика на работењето со деца во Луксембург е многујазичноста. Во Луксембург имаме 3 официјални јазици ( Луксембуршки, ермански, француски). Основен јазик за работа е луксембуршкиот, но во текот на денот ги користиме и други јазици. Француски, германски, англиски,португалски, италиански затоа што имаме деца и колеги од повеке говорни подрачја.
Цел на целодневната настава која го опфаќа периодот пред одење на училиште и по заврашување на часовите ( се работи во период од 7:00 до 18:30) е да децата произлезени од различни култури и јазици го продлабочат знаењето на луксембуршки јазик преку игра и воспитни активности, нивна интеграција( да се почитуваат однесуваат одговорно кон себе и другите и да ја почитуваат околината…)“

Александар со своето семејство на свои 6 години заминал во Луксембург. Таму го поминал тестот по математика што бил организиран од министерството за образование за новопристигнати ученици. Со тоа дирекно поминал во 7 клас француска секција. Завршил Техничка Гимназија оддел администрација и комерција.
Студирањето на УГД за Александар ќе биде усовршување во областа во која е активен во Луксембург – воспитување на деца. Како на еден млад човек кој почувствувал како е да се живее и работи во толку посакуваната Европа му дошло на ум да се запише на УГД?
–Јас често престојувам во Македонија. Имам фамилија и пријатели. Дел од моите пријатели студираа на УГД. Тоа ми даде идеја да ја посетам веб страната на УГД. Видов дека на факултетот за образовни науки има програма за предучилишна бозраст.Наставната програма понудена на ФОН за мене беше интересна и корисна за да можам да ги продлабочам моите познавања за предшколските процеси во воспитувањето и образованието на децата во предшколска возраст. Па затоа ја поднесов мојата кандидатура – вели Александар.

Факултет за Образовни науки – УГД
Во иднина,дека студирањето на ФОН на УГД за него ќе значи не само збогатување на знаењата,но и напредок во професијата.
„По заврашувањето на гимназијата, завршив некулку формации и обуки во сфеpата на образованието. Темите беа психолошка подршка на лица во депресија, подршка на деца со хендикеп и аутеизам, дезескалирање на конфликти…
Работев во работилница со деца со хендикеп и аутизам, работев исто со социјално депримирани луѓе, и луѓе кои се бездомници зависни од алхохол и тешки дроги.
Пa продолжувањето на моето образование на УГД за мене ке претставува едно збогатување на знаењaтa а се надевам и напредок во мојата понатамошна професија“, вели Александар Наневски.